Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ПРЕКУ ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА ГРАДОВИ СО ЕЗЕРА ДО ЗАЕДНИЧКИ ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ
Untitled Document

Официјална делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, присуствуваше на првиот глобален состанок за формирање на мрежа на европски градови со езера во италијанскиот град Исео. Европските партнери искажаа заедничко задоволство од креирањето на мрежата на градови со езера, што ќе овозможи поблиска соработка меѓу членките во областа на туризмот, културата и размена на искуства од секојневното живеење во европските градови со езера.

Основната цел за институционално поврзување е, партнерско учество во различни европски проекти. На средбата најмногу внимание се посвети на неопходноста од подготовка на заеднички партнерски предлог проекти, при што беа разгледани можностите за аплицирање во различни европски програми.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка од страна на градоначалниците, официјалните делегации присуствуваа на 5-то издание на Фестивалот на езера од Италија и Европа, на кој преку ликовни изложби, музичка програма, промоција на традицијата, локалните производи и заштитата на животната средина, се промовираат сите аспекти од живеењето на градовите со езера.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1311  пати
Објавено на: 10.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©