Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТАРТУВАШЕ БРОДСКАТА ЛИНИЈА ОХРИД- ПОГРАДЕЦ
Untitled Document

  По повеќе децении  денеска  официјално стартуваше бродската линија Охрид Погрсдец. .Со оваа чертер линија први испловија  Министерот за транспорт и врски , Миле Јанакиески, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, директорите на охридските  јавните претпријатија, царина, полиција и новинарите. Во Поградец ги пречекаа албанските министри  за транспорт и инфра структура и туризам и градоначалникот на Поградец.

-Доколку има интерес ние сме спремни ова да биде и редовна линија. Во меѓувреме направени се сите административни работи неопходни за воспоставување на една ваква линија. Очекувам дека оваа линија ќе овозможи развој на туризмот во двата градови но исто така ова покажува дека Македонија и Албанија имаат добрососедски односи ,изјави  непосредно по пристигнувањето во Поградец ,  Министерот  за транспорт и врски на Македонија,  Миле Јанакиевски.

- Ова   е историски ден. Посакувам да биде линија која ќе донесе  посилна соработка меѓу двете земји и побрза комуникација меѓу граѓаните на двете места и посебно заживување на туризмот,  изјави Министерот  за транспорт и инфра структура  на Албанија, Едмонд Хаџинасто.

 Градоначаллникот на Охрид, Никола Бакрачески се согласи дека станува збор за историски ден за граѓаните на Охрид  и Поградец затоа што дојде до реализација на вековната желба двата града да бидат поврзани не само преку копно  туку и со бродска линија.

- Секако дека ова претставува исклучителен ден за развојот на туризмот не само во градовите Охрид и Поградец, туку и за сите оние населени места на брегот од двете страни на границата. Се надевам дека восппставувањето  на сезонската бродска линија ќе прерасне во една редовна регуларна линија која ќе функциолнира во текот на целата година. Меѓутоа не само тоа со измената на спогодбата  која што верувам дека ќе биде направена ќе се овозможи и поминување  на границата по езерто на помали пловмловни објекти на чамци и на брзи глисери со што ќе се оствари една нова етапа  за брз транспорт  на патници и туристи пред се за луѓето кои што живеат  или времено престојуваат во Охрид и Поградец.   Ова ќе се овозможи нова фаза во развојот на туризмот а сето тоа ќе овозможи подобро стопанисување на сите угостителски објект и сместувачки капацитети на брегот на езерото од двете страни на границата не само  во Охрид и Погтардец туку и Струга и сите населени места  ,изјави Никола Бакрачески градоначалник на општина Охрид.

 
- Неколку децении од двете страни вложувавме напори за воспоставување на оваа бродска линија. Затоа сакам да го изразам своето задоволство за поддршката  што ни ја дадоа македонската и албанската влада за реализација  и воспоставување на оваа бродска линија. Езерото повеќе не ги разделува Македонија и Албанија туку ги поврзува, рече  градоначалникот на Поградец  Артар Шкамби.

Бродската  линија Охрид-  Поградец стартува денес   и  ќе трае до 15 септември годинава.

Highslide JS
.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 17.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©