Општина Охрид, организира три работилници наменети за лица на возраст од
18 до 35 години.
Првата работилница ќе биде наменета за дизајнирање и изработка на филиграни
и бисери, втората ќе биде за подготвување и пакување на традиционална храна
и третата работилница ќе биде за изработка на електронска брошура за градот
Охрид.
Сите заинтересирани лица кои го исполнуваат условот можат да се пријават
секој работен ден во Секторот за туризам и локален економски развој од 08 до
16 часот, или на телефон 046/230 – 175.
Пријавувањето на кандидатите трае до 10.10.2014 година
Извор: www.ohrid.gov.mk |