Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО 9-ТИ ПАТ ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД
Untitled Document

Синоќа во Охрид беше отворено 9- то издание на меѓународниот хорски фестивал. Учесниците и гостите ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

- Почитувани учесници на  9  меѓународен хорски фестивал, вљубеници во музиката, дами и господа.
Ви посакувам топло добредојде и пријатен престој во Охрид, градот на испреплетена култура и  историја, јадро на словенската писменост за кое ваквите  манифестации се проширување на богатата  музичка лепеза.
Радува фактот што покрај македонските и  охридски музички брендови „Охридско Лето“ и “Балканскиот   фестивал“ на народни песни и игри, од година во година  Охридскиот хорски фестивал зазема се позначајно место  на меѓународната музичка  сцена.  Тоа значи дека заедно со хористите во текот на хорските денови кај нас доаѓаат гости и туристи  од цел Свет.
Во мое лично и од  име на граѓаните на Охрид на учесниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина , Словенија, Бугарија, Молдавија, Русија, Холандија и Полоска им посакувам успешно тридневно фестивалско претставување во Охрид, а до организаторите упатувам благодарност што ни подарија уште едно фестивалско издание. 
 Драги  хористи топло ви  препорачувам покрај работниот дел  да издвоите време и да направите обиколка на нашиот Охрид за да ја почувствувате  неговата древност и сегашност – подвлече Јанев.

Охридскиот хорски фестивал ќе трае до 29 август – понеделник.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1349  пати
Објавено на: 26.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©