Со одржувањето на денешниот семинар, општина Охрид стана дел од големата
кампања за рационална употреба на антибиотици и превенција на
антимикробна резистенција. Целта на кампањата што ја организираат
Министерството за здраство,Институтот за јавно здравје, други професионални
асоцијации и поддршка на Светската здраствена организација и
Белгијската влада е да се подигне јавната свест за рационална употреба
на антибиотиците.
-Мораме заеднички да најдеме начини, за подигнување на
јавната свест кај населението, зошто се почесто, без консултации со лекарите
, на своја рака земаат антибиотици и самите се доведуваат во несакан
ризик. На граѓаните мора да им се објасни дека со текот на времето,
резистенцијата се зголемува, а тоа значи и намалување на бројот на ефикасни
антибиотици. Локалната самоуправа, во рамките на
надлежностите во областа на здраството, социјалната политика и образованието
има реализирано повеќе проекти за заштита на здравјето на нашите граѓани.
Очигледно е дека најмногу можеме да придонесеме во превенцијата и
подигнувањето на јавната свест за здравјето.Тоа го правиме и во иднина на
овој проблем ќе му посветуваме уште поголемо внимание- рече на
почетокот на семинарот Гордана Коњановска, претседател на Советот на општина
Охрид.
За последиците од неконтролираната употреба на антибиотиците, зборуваше
проф. д-р. Никола Паноски од Медицинскиот факултет од Скопје кој истакна
дека во светот, загрижувачка е состојбата со резистенцијата на повеќе видови
антибиотици и додаде дека слична е состојбата во Република Македонија.
Затоа, како што беше речено на семинарот , од кампањата за рационална
употреба на антибиотиците, се очекува постепено подигнување на јавната свест
кај населението и намалување на идните ризици од појавата на антимикробна
резистенција.
Извор: www.ohrid.gov.mk |