Во рамки на агендата за посета на месните и урбаните заедници,
градоначалникот Бакрачески вечерва оствари средби со жителите на Горно и
Долно Лакочереј. На средбите покрај соработниците на градоначалникот беа
присутни и претставници од јавните претпријатија.
Ваквите средби се организираат со цел за запознавање на градоначалникот со
секојдневните проблеми кои ги имаат жителите и заеднички изнаоѓање на
решенија за истите. За голем дел од проблемите кои ги имаат жителите се
пронајдени решенија токму преку ваквите средби. Покрај решавањето на
проблемите од ваквите средби произлегуваат и голем број на идеи кои понатака
како проекти се реализирани.
Ваквиот начин на работа стана практика на Локалната власт, а кој граѓаните
го прифаќаат со задоволство.
Извор: www.ohrid.gov.mk |