Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВО АСФАЛТИРАНАТА УЛИЦА „СИРМА ВОЈВОДА“
Untitled Document

 Денеска свечено беше пуштена во употреба ново асфалтираната улица „Сирма Војвода“ во Охрид. Реализацијата на проектот значеше  крај на долгогодишните проблеми на жителите од Болнички комплекс кои во зима одеа по кал а во лето низ прав.
Градоначалникот Никола Бакрачески  вели дека со реализацијата на овој проект во голема мера се задоволени барањата на жителите од овој дел на Охрид.

- Други ветуваа   ние исполнуваме . На мое лично задоволство денеска  ја ставaме во употреба ново асфалтираната  улица „Сирма Војвода“.  За некого мал но за жителите од овој дел на Охрид е еден од најголемите  проекти затоа  што  е од круцијално значење за нивното нормално  секојдневно функционирање. Реализацијата на овој проект значи крај на долгогодишните маки на жителите кои во лето газеа прав а во зима кал. 
 Асфалтирани се   250 метри  на улицата и  ширина 6 метри односно површина од  1500 метри квадратни. По претходно  тампонирање и чистење на теренот се постави висококвалитетен  асфалт  со дебелина од 7 сантиметри.Изведувач на градежните работи беше  ГП АС Сењак од Кичево.Во рамките на проектот за реконструкција на  улицата Сирма ВојводаЈП Градски Гробишта работеше на изградба на нов тротоар од едната страна по целата нејзина должина. Поставени се 308 м2 бехатон плочки и 246 метри парковски рабници.Должината на тротоарот изнесува околу 250 метри а максималната негова ширина е околу 1,5 метри во зависнот од природата и карактеристиките на теренот. Во текот на измината календарска година на овој потег од градот  РЕ  Водовод Охрид работеше на поставување на нова водоводна линија за жителите што живеат на овој дел од градот , посочи Бакрачески и на радост на жителите најави дека оваа улица за прв пат ќе добие и  Јавно осветлување.

-Се надевам дека за не повеќе од два месеци ќе биде поставено комплетно ново осветлување на улицата која досега никогаш не беше осветлена. Во зависност од финансиските можности наредниов период ќе работиме на создавање услови за асфалтирање и на споредните улички и со тоа комплетно да ги задоволиме барањата на граѓаните од овој дел на Охрид- додаде градоначалникот Бакрачески.

Претседателот на МЗ „Гоце Делчев“, Славчо Донески во име на жителите од овој дел на Охрид се заблагодари за реализацијата на овој проект кој е многу битен за нив.

-Во оваа прилика изразувам благодарност до градоначалникот Бакрачески и до Локалната Самоуправа што најдоа за сходно и создадоа услови за реализација на овој битен проект за жителите од овој дел на Охрид. Морам да потенцирам дека за овој проблем  во изминативе години се обративме и до претходните локални гарнитури кои немаа слух да го решат истиот. Уште еднаш изразувам благодарност до градоначалникот што го реши нашиот проблем а со тоа ни создаде и подобри услови за живот- потенцира Донески.

 Своето задоволство од реализацијата на проектот не го криеше и Вера Костоска која долги години живее во овој дел од Охрид .

-Му благодариме на градоначалникот Бакрачески .  Еднаш се обративме кај него и  му го посочивме нашиот проблем. Од него побаравме да асфалтира само еден дел а тој ни ја асфалтира  целата улица иако тоа не беше  ни негово изборно ветување.  И покрај тешката финансиска состојба на општината создаде услови и ни го реши овој проблем. Искрено му благодариме-  рече Костеска.

Во Охрид во тек или во завршна фаза е реализацијата на неколку крупни инфраструктурни проекти.  Во  тек е целосното заокружување на реконструкцијата на крстосниците на Булевар Туристичка со кружни текови на нејзините пресеци со улиците: „Македонски просветители“,„Бистрица“,„Стив Наумов“, „Абаз Емин“ и „Јане Сандански“.   Привршува изградбата на втората фаза односно третиот дел од пешачката патека кај Студенчишта. Годинава  ќе започне  реконструкцијата на  целиот Кеј „Македонија“, а реконструирани ќе се и патеките околу каналот Студенчишта.

Годинава треба да се градат нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа авотбуска станица, како и Дом за стари лица’, серијата инвестиции која почнува да се реализира ги решава потребите на Охрид од овие капитални објекти за следните 30 до 50 години.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1380  пати
Објавено на: 03.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©