Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕТСКИ ПОЗНАТОТО СПИСАНИЕ HOLIDAY MAGAZIN ПИШУВА ЗА УБАВИНИТЕ НА ОХРИД
Untitled Document

На неколку страни во престижното турско списание кое се печати на руски и англиски јазик, се пишува за Охрид како бисер на Балканот.  Охридското езеро е опишано како едно од најубавите природни езера сместено во западниот дел на Македонија , а за Охрид како град кој со своите природни и културно- историски убавини е под заштита на УНЕСКО. Во одделен пасус се пишува за музичко сценската манифестација “Охридско Лето“.  HOLIDAY MAGAZIN  е доста популарно  списание во светски рамки и се дистрибуира во големите аеродроми и трговски центри ширум Светов.

Големата промоција на Охрид во овој познат печатен медиум  е резултат на промотивната тура “Охрид 2014“ која се одржа од 4 до 6 април годинава а на која присуствуваа претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои остварија директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.
Целта на промотивната тура  беше гостите да  се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и со сите оние специфични елементи на туризмот во Охрид.

Како резултат на посетата на турските ТВ Куќи, HOLIDAY TIWI  започна со емитување на видеа, репортажи, спотови за Охрид во нивните Медиуми. Истите веќе се објавени и на социјалните мрежи, а по неколкудневните емитувања успеаја да пројават голем интерес кај илјадници луѓе.
Промотивната тура “Охрид 2014“ беше   дел од Програмата на општина Охрид  за поттикнување на развојот на туризмот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1329  пати
Објавено на: 04.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©