Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖУВА ДОУРЕДУВАЊЕТО НА КЕЈОТ ВО ПЕШТАНИ
Untitled Document

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со активности за дооформување на шеталиштето на кејот на Охридското езеро во Пештани. Со овај зафат предвидено е поставување на бехатон плочки во должина од 750 м2. По завршувањето на зафатот, ќе следи хортикултурно уредување, како и поставување на соодветно осветлување, клупи и канти за отпадоци на самиот кеј.

Инаку, во Пештани општина Охрид во изминатата година комплетно го изгради и уреди едниот дел од кејот, односно од рибниот ресторан до поранешната полициска станица, а со уредувањето на делот од рибниот ресторан кон Охрид пештанци и туристите ќе добијат  комплетно ново и модерно уредено шеталиште покрај самото езеро.

Инфраструктурните зафати на кејот предвидени се да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1389  пати
Објавено на: 14.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©