Во рамките на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ ,во организација на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ и со поддршка на Министерството за образование и наука, денеска учениците од средното училиште „Св. Наум Охридски“ спроведоа еколошка акција за разубавување на училишниот двор и подигање на еколошката свест на учениците и возрасните.
Во соработка со ЈП „Охридски комуналец“ беа насадени и засадени околу 40 садници (туи, лагестремии, криптомерии, елеогнуси и др ).
Веруваме дека ваквите акции ќе станат традиција во училиштето и поттик за една поголема грижа кон животната средина
Извор: www.ohrid.gov.mk |