Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (
Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009), а врз основа на одлуката на
Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска
дезинсекција на територијата на Општината како општа против епидемиолошка
мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното
соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина
Охрид дека на ден 15.08.2014год. (петок ) екипите на
Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја)
дезинсекција против комарци .
Запрашувањето ќе се врши во, период од 21 до 06 часот, со апарат за УЛВ
ладно запрашување поставена на пикап - возило, со претходница од друго
возило .
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежје на потегот од
с. Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег
на река Грашница и Коселска Река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат
соодветните мерки за заштита на пчелите.
Третирањето ќе се изведе со препаратот АЉУА К – КОТРИНЕ со активна
супстанца ДЕЛТАМЕТРИН.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд)
дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно
здравје Охрид е 231 881 или 230 231.
Извор: www.ohrid.gov.mk |