Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО РЕГИОНАЛНА ПАКЕТ ПОНУДА ДО ПОГОЛЕМ БРОЈ ТУРИСТИ
Untitled Document

Со понуда на целокупните продукти на туризмот  кои се карактеристични за овој регион, општина Охрид заедно со Вевчани  и Дебрца од македонска и  Корча  и Поградец од албанска страна, ќе се стреми кон привлекување поголем број туристи    кои бараат    туристичка понуда во која  се вклучени  алтернативен, духовен, верски, спортски, културен  туризам.

-Наша цел е да ги нудиме целокупните продукти во туризмот кои што навистина и Охрид и околните општини од Р. Македонија и од Р. Албанија  ги поседуваат . Она што значи природно, културно наследство, верски , духовен  , спортски, медицински туризам  и вклучително се она што значи алтернативен и рурален туризам,  е  нешто со кое што овој регион е богат и навистина треба да го нуди како една специфична понуда која што ретко каде во други дестинации на толку мал простор  може да се најде. Тоа е наша предност која треба  да ја промовираме многу по агресивно и поквалитетно ,   вели   градоначалникот Никола Бакрачески според кој    туристичката  понуда мора да соодветствува на барањата на современите туристи.              


Афинитетите на оние кои патуваат или на туристите се квалитетно и квантитетно изменети во однос на она што ние го имавме како афинитет  пред 50-ина години . Веќе ги немаме оние стандард гости кои седум дена би доаѓале на една туристичка дестинација  и  кои во сите тие денови би биле сместени во само еден хотел или би седеле на една плажа. Гостите повеќе би сакале да се движат, да видат многу  специфични работи во дестинацијата која ја избрале за одмор.   Развојот на туризмот во секоја одделна  општина е комплементарен со развојот   на туризмот  во целиот регион.  Ние во нашата понуда мораме   да ги внесуваме туристичките продукти на сите поодделни општини во регионот. Само на тој начин сите ќе успееме  во однос на развој на туризмот , бидејќи на туристите им нудиме разноврсна понуда која  е многу попривлечна и поатрактивна , потенцира Бакрачески.


Во рамки на проектот, “Излези во природа влези во авантура“, општина  Охрид како град партнер  заедно со Вевчани  и  Дебрца од македонска  и  Корча и Поградец од албанска страна,  беше вклучена  во изработката на две видеа за алтернативен туризам. Целта на промотивните материјали беше да се афирмираат можностите кои што охридскиот регион ги дава за алтернативен туризам како што се екстремни спортови во кои спаѓаат параглајдерство , велосипедизам , алпинизам , нуркање , и други форми на алтернативен туризам со кој што навистина овој крај обилува и кој што дава одлични можности да се збогати туристичката понуда во Охрид и целиот регион.


Проектот беше  финансиран со средства од ИПА програмата за преку гранична соработка.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1432  пати
Објавено на: 20.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©