Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ЗА ВЕРНИЦИТЕ ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД
Untitled Document

Во пресрет на Христовото раѓање – Божиќ, кој припадниците на католичката црква го прославуваат утре, 25 декември, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитки до сите верници.

-Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги  истакнува, семејните вредности,  човечката добрина и взаемното разбирање .  Овој празник на љубовта и добрината  нека  ви донесе хармонија и спокој, позитивна мисла и светлина и топлина во вашите домови.
Божиќ е празник  на лубовта и надежта, празник кој не потсетува дека треба да ги следиме  етичките начела во нас  и да дејствуваме во согласност со честа и вистината.

Со прославувањето на Христовото раѓање  уште еднаш се   потсетуваме   да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме правично да   придонесуваме во зацврстување на мирот, хармонијата,  семејните и традиционалните вредности. 

На  сите Христијани со католичка вероисповед  искрено им посакувам празникот да го минат во добро здравје , мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност  за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласности.

Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ !- стои во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод празникот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 24.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©