Суператрактивните музички гости на годинешното Охридско лето, гудачкиот квартет БОНД, синоќа на публиката која го следеше нивниот настап и приредија вистински спектакл. Преполниот Антички театар со овации ги проследи и испрати британските девојки, уживајќи во нивните феноменални изведби.
Покрај музичките нумери од нивните досегашни албуми, специјално на македонската публиката и ја посветија музичката тема "Александар Велики", од нивниот прв албум, со кој го најавија нивното освојување на музичкиот свет.
Во знак на сеќавање на нивното гостување во Охрид и Македонија, Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на атрактивните БОНД девојки-Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вестерхоф (виолончело) им подари копија од охридската Златна маска, посакувајќи им многу успех во нивната натамошна кариера.
Извор: www.ohrid.gov.mk |