Претставници на Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебарца денеска остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески.
На средбата, Градоначалникот беше запознаен со организацијата, работата и активностите кои ги остварува Здружението како и плановите за понатамошно делување на оваа категорија на граѓани во општественото живеење.
Изградбата на Пензионерскиот дом, начинот и средствата потребни за одржување на просториите каде што е сместено Здружението на пензионери, потребата од формирање на Клубови на пензионери и размена на мислења за збогатување на формите на соработка помеѓу Општината и Здружението беа темите на разговор кои произлегоа од меѓусебните разговори.
Градоначалникот Бакрачески вети соработка во делот на активностите кои ќе произлезат од работата на Здружението и најави дека ваквите средби ќе станат пракса и ќе се одржуваат во континуитет.
Извор: www.ohrid.gov.mk |