Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
Untitled Document

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12,93/13,42/14,44/2015),Општина
Охрид, на ден  28.06.2015г. донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

За планскиот документ Локална Урбанистичка Планска Документација за големи угостителски единици – Б3 на КП бр.1177/2, КП бр.1177/3 КП бр.1177/4,  КП  бр.1178/3,  КП  бр.1178/4,  КП  бр.1179/3,  КП  бр.1179/4,КО
Оровник, Општина Охрид

  1. Локалната Урбанистичка Планска Документација за големи угостителски единици – Б3 на КП бр.1177/2, КП бр.1177/3 КП бр.1177/4, КП бр.1178/3, КП бр.1178/4, КП бр.1179/3, КП бр.1179/4,КО Оровник, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
  2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот  документ Локална Урбанистичка Планска Документација за големи угостителски единици – Б3 на КП бр.1177/2, КП бр.1177/3 КП бр.1177/4, КП бр.1178/3, КП бр.1178/4, КП бр.1179/3, КП бр.1179/4,КО Оровник, Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
  3. За планскиот документ Локална Урбанистичка Планска Документација за големи угостителски единици – Б3 на КП бр.1177/2, КП бр.1177/3 КП бр.1177/4,  КП  бр.1178/3,  КП  бр.1178/4,  КП  бр.1179/3,  КП  бр.1179/4,КО Оровник, Општина Охрид, за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид,донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина .
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(бучавата,почвата, флората, фауната, водата и организираното управување со отпадот ),како и анализа на можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од спроведувањето на планскиот документ ,како и мерки за нивно надминување. Предметната локација се наоѓа во опфат на просторот заштитен како природно и културно наследство во Охридскиот регион,
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
  6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 16.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©