Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

По повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните на Општина Охрид, во која потсети дека овој голем ден, длабоко е врежан во нашата колективна меморија и не обврзува нас и идните генерации да ја чуваме и браниме нашата слободна и независна држава.

-На 8. Септември 1991 година, пред 25 години, гласајќи за независна и суверена Република Македонија, граѓаните со плебисцитарно мнозинство, го остварија нашиот и  сонот на нашите храбри предци и им оставија аманет на нашите потомци. Нашата заедничка цел е посветено и постојано да се грижиме за нашата сегашност и иднина и да ја градиме нашата татковина како стабилна, безбедна, демократска и развиена европска и авроатланска Република Македонија.
 

Веќе 25 години, секој на свој начин, заеднички придонесуваме и се справуваме со предизвиците, во нашата држава  да има подобар живот, социјална правда, солидарност и сеопшт напредок на личниот и општествениот живот. Определени сме  да ја негуваме вековната традиција на соживот и почитување на различностите, зошто само така обединети и одговорни, можеме успешно да ги надминуваме препреките и да чекориме по патот кон стабила и сигурна иднина на Република Македонија.
 

Времето ќе носи нови предизвици со кои подготвено треба да се справуваме. Мораме, како и досега да даваме се од себе, нашата татковина да биде економски развиена и да биде почитувана држава и респектабилен партнер во меѓународните односи. Тоа не е само предизвик туку и обврска кон минатото и иднината. Нека ни е честит и вековит 8 Септември- Денот на независноста на Република Македонија- се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1375  пати
Објавено на: 07.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©