Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес на улицата „Јане
Сандански“ извршуваат градежни активности за изградба на тротоар. Тротоарот
ќе се протега од раскрсницата кај гимназијата „Св. Климент Охридски“
кон кејот и е во должина од 100 метри.
Овај потег до сега беше не заштитен и не безбеден за пешаците и
претставуваше проблем за жителите од овај дел на градот. Со оваа градежна
активност се решава проблемот на жителите и се зголемува безбедноста на сите
учесници во сообраќајот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |