Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вечерва ја проследи свечената приредба што по повод патрониот празник на училиштето „Григор Прличев “се одржа во Центарот за култура.
Во рамки на празнувањата а во организација на општина Охрид утре со почеток во 11:30 часот ќе се одржи панихида и ќе се положи свежо цвеќе на гробот на поетот. Во 12:30 часот во неговата спомен куќа ќе бидат врачени наградите на прво наградените ученици на литературниот конкурс распишан од ОУ „Григор Прличев“ а беседа ќе одржи и Георги Сталев Попоски.
Извор: www.ohrid.gov.mk |