По иницијатива на градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, а во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадата на Р.М. во Јапонија, уште минатата година започнаa низа активности кои треба да резултираат во финален документ кој треба да се потпише во текот на утрешниот ден.
Се работи за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу научно- истражувачките институции од двете држави и тоа Музејот на езерото Бива од Јапонија од една и ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид, од друга страна. Градоначалникот Никола Бакрачески активно е вклучен и го поддржува целиот процес, тој уште во Март 2016 година во својот кабинет, организира прием за Амбасадорката на РМ во Токио Јапонија, Н.Е. Андријана Цветковиќ, на кој прием беше разговарано за поконкретни чекори на соработка на двете институции. Од страна на градоначалникот, беа известени и надлежните служби т.е. Директорката на ЈНУ Хидробиолошки Институт- Охрид, по што следеше и назначување на лица од Секторот за туризам и локален економски развој кои непрекинато во текот на целиот преговарачки циклус ќе се достапни за соработка од која се очекуваат резултати на задоволство и на двете страни.
Се очекува во текот на утрешниот ден делегација од Музејот на езерото Бива, предводена од Директорот на Музејот на езерото Бива, Др. Тори Шинохара да биде примена во кабинетот на Градоначалникот на Општина Охрид Д-р Никола Бакрачески т.е. од местото од каде е започната оваа соработка. Финализација на оваа фаза на соработка ќе се случи исто- така утре 17.01.2017 година, во просториите на ЈНУ Хидробиолошки Институт- Охрид, со почеток во 11:00 со Потпишување на Меморандум за соработка.
Според агендата, делегацијата ќе ја проследи и Манифестацијата Богојавление- Водици, која исто -така е во организација на општина Охрид.
Позврзани вести: НОВИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ЗБОГАТУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ЈАПОНИЈА
Мотив од езерото Бива
Мотив од Охридското Езеро
Извор: www.ohrid.gov.mk |