Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА ЗА ПРОГРАМИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА МСП ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ – ИМПУЛС ДО КОМПАНИИТЕ ОД РЕГИОНОТ ЗА РАЗВОЈ НА НИВНИТЕ ИДЕИ
Untitled Document

Во oрганизација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Бизнис старт ап центарот од Битола, вчера се одржа информативна средба на која претставници од малите и средни претпријатија беа запознаени со можностите кои им стојат на располагање за развој на сопствениот бизнис. Бизнис старт ап центарот е подржан и во континуирана соработка со УСАИД со цел развој на економијата преку свој делокруг на активности со мали и средни претпријатија.

Средбата ја отвори заменикот раководител на Секторот ТЛЕР, Горан Мицкоски, кој ги истакна заложбите на Општина Охрид во насока на помошта која им ја даваат на компаниите од Охридскиот регион.

 Претставени беа и програмите за стручна и финансиска поддршка кои ги нудат од страна на Бизнис старт ап центарот во Битола, а отсега им се достапни и на компаниите од Охридскиот регион. Промовирана беше кредитната линија достапна за малите и средни претпријатија со пониска каматна стапка, брза постапка на одобрување на барањата и прифатливи услови за отплата на кредитот.

Од голема важност за компаниите кои работат на развој на нова идеја е и стручната помош која ја нудат во Старт ап центарот. Консултации за маркетинг, менаџмент, финансии и други вештини неопходни во работењето им се на располагање на бизнисите од регионот. Средбата беше пропратена со голем одзив од страна на присутните со единствена цел да во иднина биде зголемена соработката помеѓу засегнатите страни. Договорена е заедничка соработка за разработка на конкретни стручни обуки во области кои ќе бидат утврдени како приоритетни за охридското стопанство.

Извор: www.ohrid.gov.mk/p>

Прочитано:  1269  пати
Објавено на: 19.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©