Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАДОСНАТА ВЕСТ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ЈА ДОЧЕКА ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК
Untitled Document

 Градоначалникот  на Охрид  Никола Бакрачески,   годинава радосната вест за Христовото воскресение ја дочека  во Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник.  Градоначалникот  Бакрачески  посака   празникот  Велигден   да ги исполни со сила, верба и благослов сите верници и да ги  води по патот на чесноста и праведноста.

-Посакувам   сите верници да  бидат исполнети со сила и верба во остварувањето  на своите  идеали , во позитивните човекови вредности, во моралните и етички големини кои ги споделуваат  во семејството, со своите роднини и   пријатели  , на работното место, со соседите и со сите оние кои што значат нешто во нивните животи. Деновиве на празнување нека ни поминат со радост и  среќа, а домовите нека се полни со весели и насмеани луѓе кои со полни срца го чествуваат Воскресението Христово. Посакувам во деновиве што престојат да видам што повесели  и ведри насмевки на  лицата од охриѓани и на лицата  од   бројните гости кои   за празниците  престојуваат во Охрид  .   Чувството е навистина посебно кога гледате дека   верници од цела Македонија но и од соседните држави,  Бугарија , Србија, Црна Гора како и од подалечните земји Полска, Романија, Русија, Турција,  Украина   дошле  во масовен број кој не се памети во последниве 10 години да го прослават овој празник во Охрид, истакна Бакрачески.

Градоначалникот  во црквата  на Плаошник  заедно со бројни охриѓани и  домашни и странски гости ги проследи сите  верски обичаи кои се однесуваат на најголемиот христијански празник – Велигден .Со празничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1332  пати
Објавено на: 12.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©