Со цел навремено да се согледаат негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализацијата на Измената и дополнувањето УПВНМ Лагадин – Пештани, дел 2, опфат 1. Општина Охрид, Законот за животна средина ја наложува потребата за спроведување на Стратегиска оцена на животната средина.
Истовремено Извештајот за Стратегиската оцена на животната средина е ставен на јавна расправа и јавен увид пред јавноста кои од 28.06.2013 година до 27.07.2013 година од 08 до 16 часот ќе можат да дадат мислење, забелешки или предлози по истиот.
Мислењата, предлозите и забелешките може да се испратат и на меил адресата : urbanizam@ohrid.gov.mk или по пошта на Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 12.07.2013 година во малата сала на општина Охрид, со почеток во 10 часот.
За дополнителни информации следете го линкот.
УПВНМ Лагадин – Пештани, дел 2, опфат 1. Општина Охрид - нацрт верзија
Извор: www.ohrid.gov.mk |