Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои извештаите
за реализација на програмите за периодот од 01.07 до 30.09. 2014 година, и
тоа за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот,
Програмата за поддршка на локалниот економски развој, Развојната
програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 ,
Програмата за други комунални услуги, Развојната програма за изградба и
реконструкција на локални патишта и улици 2014-2016 година,Развојната
програма за изградба на системи за водоснабдување 2014-2016 година,
Развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на
отпадни води 2014-2016 година, Програмата за изградба на сообраќајна
сигнализација, Програмата за јавна чистота, Развојната програма за јавно
осветлување 2014-2016 година, Програмата за одржување и заштита на
локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, Програмата за
одржување и користење на паркови и зеленило и Развојната програма за
уредување на градежно земјиште 2014-2016 година.
Советниците ги усвоија Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид
за периодот од 01.01. до 30.09.2014 година, Одлуката за извршување на
Буџетот на општина Охрид за 2014 година, Буџетскиот календар на општина
Охрид за 2015 година и Иницијативата за дополнување на Статутот на општина
Охрид.
На седницата,беа прифатени предложените одлуки за спроведување на мерки за
субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП
„Билјанини извори“ , за авто такси превоз на патници во општина Охрид, за
организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид
и за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната Програма за
изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година.
Зелено светло добија одлуките за измена на Програмата за работа во областа
на располагањето со градежно земјиште сопственост на Република Македонија,
за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија (за
изградба на катна гаража) , за оттуѓување на градежно земјиште сопственост
на Република Македонија ( за изградба на автобуска станица) , за оттуѓување
на градежно земјиште сопственост на Република Македонија (за изградба
на дом за стари лица). По расправата за овие точки, советниците на СДСМ
ја напуштија седницата и не учествуваа во натамошната работа на советот. Беа
прифатени и иницијативите за изработка на урбанистички план вон населено
место за комплекс „Андон Дуков“ и за изработка на ДУП за Кп.бр. 14628,
Кп.бр. 14630, Кп.бр. 14626/1 и Кп.бр. 14624 во КО Охрид 3.
Советниците ги усвоија предложените одлуки за утврдување на
потреба од донесување на урбанистичко планска документација за
усогласување на трасата на сообраќајната инфраструктура и за утврдување
потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување
на намената на земјиштето и вклопување на бесправно изградени објекти по
најголемиот дел од предложените точки, а беа одбиени оние кои не ги
исполнуваа законските норми.
Извор: www.ohrid.gov.mk |