Денес пред јавноста беше презентирана програмата за одбележување на празникот Свети Климент Охридски, што годинава заеднички ќе биде организирана од Општина Охрид и ОСУ “Св. Климент Охридски“. Годинашното празнување ќе има повеќе културни содржини и ќе започне на 6 декември, а ќе кулминира со свечена академија на денот на светецот 8 декември во НУЦК “Григор Прличев“.
Советникот Дејан Паноски на денешната прес конференција го истакна моментот од 7 декември, насловен како “Сите кон Свети Климента“, кога од пред споменикот на патронот на градскиот плоштад, вечерта од 20 часот, граѓаните, гостите и делегациите, заеднички ќе се упатат кон Плаошник, со што ќе биде искажана посветеност и почит кон светецот.
Актерот и режисер Горан Стојаноски, искажа задоволство од непосредното влучување на институциите од културата во одбележување на празникот и најави за годинава сублимирана, пократка програма за свечената академија, која визуелно и содржински ќе биде побогата и ќе понуди нова димензија во празнувањето на Свети Климент Охриски.
П Р О Г Р А М А
8. Декември – Ден на градот Охрид
Св. Климент Охридски
6. декември 2013 ( петок)
19.00 часот
„Со моја рака направив без мака“- продажна акција на ракотворби изработени од рецирклиран материјал од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“
Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“
20.00 часот
Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „ Св. Климент Охридски“
Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“
7. декември 2013 ( сабота)
НОЌ СПРОТИ СВЕТИ КЛИМЕНТ
18.30 часот
Глумците од Охридскиот народен театар за св. Климент-Охридски
Место: НУ Библиотека „ Григор Прличев“
19.00 часот
15та - Tрадиционална изложба на Фото клуб „ Охрид“
Место: Простории на НУ „ Охридско лето“
19.30 часот
Традиционална изложба на роднокрајни ликовни уметници
Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, галерија
20.00 часот
„Сите кон Свети Климента“- групно поаѓање кон Свети Климентовата црква на Плаошник
Место: Градски плоштад
8. декември 2013 (недела)
09.30 часот
Поклонение пред моштите на св. Климент Охридски
Место: Црква Св. Климент, Плаошник
10.30 часот
Полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски
Место: ОУ„ Св. Климент Охридски“
12.00 часот
Полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски
Место: Градски плоштад
13.00 часот
Отворање на фото - изложбата „ Убава Кина“ во организација на амбасадата на НР Кина во РМ и Општина Охрид
Место: НУ Завод и музеј - музејски комплекс „ Куќата на Робевци“
13.30 часот
Свечено потпишување на Повелба помеѓу Општина Охрид и Општина Стар Град Сараево
Место: НУ Завод и музеј - музејски комплекс „ Куќата на Робевци“, салон на резба
19.00 часот
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА
во чест на св. Климент Охридски -заштитникот на Охрид
Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“