ЈП Билјанини Извори после официјалната одлука на Кошаркарската Федерација на Македонија со особено задоволство ги информира граѓаните на Охрид дека овогодинешниот Куп на Македонија во кошарка ќе се одржи од 6 до 9 февруари во спортската арена Билјанини Извори. Со одлуката на КФМ спортската арена Билјанини Извори и ЈП Билјанини извори го продолжуваат континуитетот на домаќини на големи спортски настани.
Кошаркарскиот Куп е уште едно признание за менаџментот на претпријатието, се со цел СРЦ Билјанини Извори и градот Охрид да постанат македонски центар на сите големи спортски настани. Одличната соработка со кошаркарската федерација, веруваме во иднина и со другите поголеми федерации, ќе допринесат за што побрз развој на спортот во нашиот град на задоволство на сите нас. Спортот, спортските настани, спортските идоли се сегашност и иднината на Охрид и ние како претпријатие секогаш ќе работиме во интерес на тоа, во интерес на спортистите и сите граѓани на Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |