Вечерва на градскиот плоштадот “Св. Климент Охридски“ Локалната самоуправа организира заеднички дочек на Новата 2015-та Година за охриѓани и туристите .
Новогодишната програма ќе започне во 21 часот со настапот на естрадниот уметник , Петар Нечоски по што ќе настапи поп - рок групата “Камелеон“.
Во 22:30 часот е предвиден настапот на поп ѕвездата Владо Јанески. Забавата за охриѓани и туристите ќе трае до вечерните часови.
Градоначалникот Никола Бакрачески, Новата 2015-та Година ќе ја дочека во Охрид .
Првиот човек на градов Новата 2015-та Година на своите сограѓани и гости ќе им ја честита од градскиот плоштад “ Св. Климент Охридски“.
Инаку, денеска поради временските неприлики, предновогодишната програма на општина Охрид на градскиот плоштад ќе започне во 12.30 часот. Охриѓани и туристите до вечерните часови ќе ги забавува диџеј Аце.
Извор: www.ohrid.gov.mk |