Согласно Заклучокот на Советот на Општина Охрид од 10.05.2013 година градоначалникот Никола Бакрачески го извести концесионерот на пaркинзите во централното градско подрачје дека Општина Охрид нема обврска по договорот.
Исто така градоначалникот Бакрачески го извести концесионерот дека според тој договор не ги има исполнето договорените обврски, со што се исполнети условите да биде раскинат и дека со денот на тоа известување му се забранува користење на тие паркинг простори односно се смета дека истите се во владение на Општина Охрид.
Со овој чин, градоначалникот Бакрачески одговори на барањата и поплаките на најголемиот дел од граѓаните, во однос на паркинг – просторот во централното градско подрачје односно на улиците: “Македонски Просветители“ – заедно со кружниот тек кај градското пристаниште , “Партизанска“, “Кузман Јосифоски - Питу“ и паркингот кај хотелот Ривиера и на “Кеј Маршал Тито“ – од плоштадот до пресекот со улицата “Ванчо Николески“.
За ова, јавноста беше известена преку портпаролот на Општина Охрид, Томе Џамтоски.
Извор: www.ohrid.gov.mk |