Со цел да се укаже на значењето на културните вредности кои се наша придобивка и како такви мора да ги негуваме,Општина Охрид и годинава застанува односно финансиски поддржува низа културни манифестации кои се одржуваат во Охрид.
Меѓу културните настани кои во наредниов летен период не очекуваат а зад кои застанува Општина Охрид се,културно забавното лето во Трпејца “На зајдисонце“, традиционалната вечер на Живко Чинго, фестивалот на ново компонирани народни песни “Песна на летото“ , Поетската ноќ во Велестово , Илинденскиот марш , фестивалот “Охридски Трубадури“ , Фестивалот на духовна музика и хорови “Св. Климент Охридски“, Охридскиот хорски фестивал, изложбата на академскиот сликар Славко Упевче ,“Исчезнатиот Охрид“ како и други уметнички изложби.
Локалната самоуправа финансиски ќе поддржи и други културни проекти кои треба да се реализираат во текот на 2014 година а меѓу нив се годишните концерти на родно крајни ансамбли на народна музика, меѓународниот проект “Млади музика спорт“. Општината ќе застане и зад електронската монографија за Охрид која е проект на продукциската куќа “Трето уво“,ќе даде поддршка и за документарниот филм “Поет на мал народ“, а ќе учествува со свои средства и во проектите за заштита и конзервација на икони.
Изминатиов период Општината го помогна реализирањето на фестивалот на народни песни “Спасовден“, а придонесе и во одржувањето на Францускиот филмски фестивал и “Охридско Лето“.
Секако, Локалнана самоуправа застанува и зад секој проект кој е дел од нејзината годишна програма за култура.
Извор: www.ohrid.gov.mk |