Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид, на денешната седница даде позитивно мислење за  програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2015-2016 година на ОУ„Христо Узунов“ ,  ОУ„Григор Прличев“ , ОУ„Григор Прличев“ , ОУ„Св.Климент Охридски“ ,а ОУ„Братство единство“ ,  ОУ„Кочо Рацин“ , ОУ„Ванчо Николески“ с. Лескоец , ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти ,  и ОУ„Св.Наум Охридски“-с. Пештани,  беше дадена согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ со помал, односно поголем број на деца од законски утврдениот број.Беа усвоени и одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта и помалку од 25 ученици  во средните училишта ОСУ „ СВ. Климент Охридски“ , ОССУ „ Св.Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ и СУТУ „ Ванчо Питошески“ , за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, а беше прифатена и одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општина Охрид.

Беа усвоени извештаите  за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.04. - 30.06.2015 година, за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01. -  30.06.2015 година, за работењето на Одделението за комунални такси за периодoт од 01.01. -  30.06.2015 година,  за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2015 - 2017 за периодот од 01.04. - 30.06. 2015 година, за реализација на програмата за одржување на јавна чистота за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година,  за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година, за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2015 - 2017 година за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година, за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2015 - 2017 година за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година, за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година, за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2015 - 2017 година за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година, за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2015-2017 година за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година,  за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај 2015 -2017 година за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште 2015 - 2017 година за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година, за реализација на програмата други комунални услуги за 2015 година за периодот од  01.01. -  30.06.2015 година, за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2015 година и за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2015 година, а не беа усвоени извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2015 – 2018 за  периодот од 01.04. - 30.06.2015 година 2015 - 2017 за периодот од 01.04. - 30.06. 2015 година и за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01. - 30.06.2015 година.

Советниците дадоа зелено светло и за одлуките за усвојување на финансискиот извештај на МЈП „ Проаква“  РЕ „ Водовод“ за периодот од 01.01. - 30.06.2015 година. за работењето на ЈП„Нискоградба“ за периодот од 01.01. - 30.06.2015 година, за работењето и остварените резултати на ЈП „ Градски пазар“ за периодот од 01.01. - 30.06.2015 година,  за работењето и остварените резултати на ЈП„Охридски комуналец“ за периодот од 01.01. -  30.06.2015 година, за работењето и остварените резултати на ЈП„Грaдски гробишта“ за периодот од 01.01. - 30.06.2015 година и за работaта на ЈП„Билјанини извори“   за периодот од 01.01. до 30.06. 2015 година.Беа прифатени и одлуките  за измените и дополнувањата на развојните програми за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2015 - 2018 година,  за поддршка на локалниот економски развој на општина Oхрид за 2015 година, измените и дополнувањата на програмата за спорт за 2015 година,  измените и дополнувањата на развојната програма за образование 2015 - 2017 година,  измените и дополнувањата на развојната програма за детска заштита 2015 - 2017 година, измените и дополнувањата на програмата за култура за 2015 година, измените и дополнувањата на програмата за одржување на јавнa чистота за 2015 година,  измените и дополнувањата на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година,  измените и дополнувањата на програмата за други комунални услуги за 2015 година,  измените и дополнувањата на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2015 - 2017 година, измените и дополнувањата на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за период од 2015 - 2017 година, измените и дополнувањата на развојната програма за јавно осветлување за 2015 - 2017 година, измените и дополнувањата на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2015 - 2017 година,  измените и дополнувањата на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2015 - 2017 година и за  изменување и дополнување на Буџетот на единицата на локалната самоуправа општина Охрид за 2015 година.
На денешната седница беа прифатени информацијата за содржината на меморандумот за соработка помеѓу општина Охрид и Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје-Архитектонски факултет Скопје, информацијата за работата на РК„Охрид 2013“ АД Охрид, за одобрување на финансиски средства за материјално финансиска поддршка на спортски клуб на подрачјето на општина Охрид за 2015 година, за давање согласност на Одлуката за прекин на постапката за доделување на концесија, за измена на Одлуката за утврдување на цени за користење на услуги на автобус сопственост на ЈП„Билјанини Извори“ ,  за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП„Градски гробишта“ , за формирање Комисија за унапредување и заштита на правата на пациентите на територијата на општина Охрид,  за пренесување на правото на користење на ПМВ возило марка Форд фиеста сопственост на општина Охрид на ЈП„Билјанини извори“ , за пренесување на правото на користење на ПМВ возило марка Форд фиеста сопственост на општина Охрид на ЈП „ Градски пазар“ и  за утврдување на висината на надоместокот на надворешни членови на Комисијата за урбанизам.

Од урбанистичката сфера беа прифатени одлуките  за утврдување престанок на важност на Одлуките за утврдување потреба од изработка и донесување на локална урбанистичка планска документација за катастарските парцели 6969 и 6970 Т.К. Горица,  за утврдување Нацрт детален урбанистички план во УЗ 16, дел од  УБ 16.3 – опфат 2 КО Велестово и КО Охрид 4, општина Охрид, плански период 2014 – 2019,  за утврдување Нацрт детален урбанистички план во УЗ 1, дел од УБ 1.4- опфат 1, општина Охрид, плански период 2015-2020 , за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2613/1 и Кп.бр.2613/2 КО Коњско,за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2174 и 2176 КО Велгошти,  за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2630/2 КО Елшани и Кп.бр.896 КО Коњско, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1263/1 и 1263/2 КО Трпејца,  за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1152/1 КО Опеница, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Kп.бр.1583/1 KO Tрпејца, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на   Кп.бр.1793/2 КО Велгошти и за утврдување потреба од донесување урбанистичко планскa документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2646 КО Велгошти.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1388  пати
Објавено на: 26.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©