Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕКРЕТАРОТ СПАСЕСКИ АРГУМЕНТИРАНО ПРОТИВ ОБВИНУВАЊАТА ОД ЛДП
Untitled Document

Ја повикувам опозицијата  и советникот од ЛДП Дејан Блажески кога јавно говорат за работата  и функционирањето на   Општина Охрид  истото да го поткрепуваат со факти и документи односно  да изнесуваат вистини а не да шират лаги.  Нашиот начин на работа со изнесување на факти и аргументи кои ја потврдуваат вистината и со  строго почитување на законските правила и норми,  нека им биде репер како треба да се работи, потенцира секретарот на Општината Димитар Спасески откако и  денес јавно беше повикан од советникот на ЛДП  Дејан Блажески.

Секретарот Спасески  кој денес очекуваше извинување од страна на Советникот Блажески за ширење инсинуации околу договорот за лизгалиштето   денеска потврди дека веќе ги презел соодветните законски мерки против  Блажески и уште еднаш укажа дека договорот за лизгалиштето е кристално чист.

 - Очигледно кога советникот Блажески доаѓа на седница на Совет   не се подготвува за истата. И очигледно  при донесувањето на годишната  програма бил само физички присутен. Јасно е дека не е во тек  со случувањата  односно не знае дека во програмата  јасно е наведено лизгалиштето кое и во изводот е обележано со зелена боја.

Секретарот Спасески денес уште еднаш потврди дека Секторот за ТЛЕР како и сите останати Општински сектори има апсолутно право , да побара одобрение за урбана опрема.

- Со оглед на тоа што ова лизгалиште уште од првиот ден стои во програмата мене ми е апсолутно  нејасно како еден советник нема информации што се случува односно како истото функционира, дополни Секретарот Спасески.

Откако советникот Блажески денес презентираше наводен договор за вработување на сопругата на Секретарот, Ирена Здравеска од 4. Септември 2013 година, Спасески детално објасни дека не станува збор за договор за вработување туку  за спогодба за преземање на државен службеник потпишан на таа дата помеѓу  директорот на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасоски и градоначалникот Никола Бакрачески.  

- Јас за разлика од сите оние кои се труделе да се оградат од роднински врски, и за тоа добивале одредени бенефит ќе кажам дека Ирена Здравеска е моја сопруга, која што својата досегашна кариера како и јас ја градеше и усовршуваше во  Управата за финансиско разузнавање при Министерството за финанансии во Скопје. Вработена врз основа на стекнато знаење и просек на факултет 9. 55. Здравеска беше на позицијата помошник раководител  во овој сектор при министерството. Во моментот кога јас ја презедов секретарската функција во Општина Охрид, неминовно се наметна потребата семејството да биде на едно место односно во Охрид. Јас при носењето  на нејзината одлука за враќање во Охрид, исклучиво жалам затоа што со тоа  заврши   нејзината кариера во Скопје. Одлуката за нејзино преместување    таа ја донесе во мој интерес а на нејзина штета .  Но од друга страна  како професионалец и јас сум многу среќен што и таа  со својата стручност и знаење придонесува во  развојот на Општина Охрид , потенцира Секретарот Спасески.

На крајот од средбата со новинарите Секретарот Димитар Спасески, уште еднаш ја повика опозицијата да изнесува секогаш вистини потврдени со факти и документи, а не со  лаги и празни зборови.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1281  пати
Објавено на: 14.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©