Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО НАСТАПОТ НА ЛАМБЕ АЛАБАКОСКИ ВО ПОНЕДЕЛНИК СВЕЧЕНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЛИЗГАЛИШТЕТО НА МРАЗ
Untitled Document

Со настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски,во понеделник со почеток во 20 часот на градскиот плоштад  свечено ќе биде отворено  лизгалиште на мраз. Лизгалиштето  кое е прво од ваков тип се поставува со цел охриѓани а и гостите да се анимираат да го посетат градскиот плоштад. Општина Охрид, ги повикува сите охриѓани да  присуствуваат на музичко- забавниот хепенинг во понеделник да уживаат и да се забавуваат.

Инаку, 10 дневната  новогодишната програма во организација на  Локалната, започнува во недела со почеток во 18 часот  кога  на сцената кај  градскиот плоштад  ќе настапат  учениците од ОУ “Христо Узунов“. Во  понеделник, непосредно пред свеченото отворање на лизгалиштето, исто така на плоштадот ќе настапат учениците од основните училишта “Братство“ и “Григор Прличев“. Во секој нареден ден до 30 декември  во рамки на новогодишната  програма ќе настапуваат   ученици од сите  охридски основни и средни училишта, членови на културно уметнички друштва, и актери од охридскиот театар. Во среда во Спортската сала “Атина Бојаџи“ од 18 до 19:30 часот е Новогодишната Програма на Општина Охрид. Во четврток во ЦК “Григор Прличев“ ќе се одржи хуманитарен концерт  “Пееме да помогнеме и да се забавуваме“,а во сабота на градскиот плоштад ќе се одржи stend- up комедија во изведба на  Никола Тодороски.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 21.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©