Претставници на општина Охрид и охридската Гимназија "Св.Климент Охридски", предводени од Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, присуствуваат на "Интернационалната недела на солидарноста на градот Каен-Р.Франција". Денес се оствари средба со Градоначалникот на Каен-г-дин Филип Дурон. За прв пат од кога е воспоставена соработката помеѓу Охрид и Каен, пред градоначалникот Дурон беше презентиран конкретен проект за заштита на културно наследство на Охрид, што наишло на многу позитивни реакции кај присутните. Дополнително е договорено градот Каен преку областа Долна Нормандија партнерски со Охрид да аплицираат проекти во Европските програми. На средбата е разговарано за соработка во делот на спортот и образованието. Секретарот Спасески во име на Градоначалникот Никола Бакрачески, ја пренесе поканата до Градоначалникот Дурон за посета на Охрид, по повод празникот Богојавление-Водици.
Учениците од охридската гимназија, кои се присутни во Каен ќе имаа свој настап и презентација на едукативните и уметничките вештини со кои се стекнале, а делегацијата на општина Охрид, утре ќе оствари средби со повеќе градови-пријатели на градот домаќин. Најавен е работен состанок со градот Портсмунт-Англија на кој ќе се разговара за можноста од приближување и изнаоѓање на модалитети за идна соработка.
Извор: www.ohrid.gov.mk |