На терените на Спортско рекреативниот центар „ Билјанини извори“ во текот на месеците јануари и февруари се одржаа рекордни 27 фудбалски натпревари и 67 фудбалски тренинзи. Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ беше домаќин на 11 македонски и 5 српски фудбалски екипи, кои презадоволни од условите за тренинизи и гостопримството на вработените во спортскиот центар,си заминаа подготвени за идните спортски предизвици во своите фудбалски лиги.
Инвестирањето во фудбалската инфраструктура во Охрид се покажа како неопходно и оправдано не само за ЈП „ Билјанини извори“ туку и за големиот број на хотели во кои престојуваат фудбалските екипи. ЈП „ Билјанини извори“ апелира посебно до хотелските субјекти поактивно да се вклучат во осовременувањето и изградбата на спортската инфраструктура бидејќи заедно во иднина можеме да бидеме домаќини на уште многу спортски екипи.
Извор: www.ohrid.gov.mk |