Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СООПШТЕНИЕ ЗА АРОНДАЦИЈА И РАЗМЕНА
Untitled Document

Секторот за ТЛЕР  при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието, ги известуваат сите заинтересирани  лица дека   Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави соопштение за јавност за сите  лица кои користат земјоделско земјиште во државна сопственост, a кое им е доделено во постапка на АРОНДАЦИЈА, а ги немаат регулирано имотно правните односи, дека можат да поднесат Барање до   Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за склучување на договор за размена согласно член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.164/13), со кој е пропишана постапка за регулирање на сопственичко правните односи за склучување на договор за размена.

Во прилог на барањето, потребно е да се достави следната документација:

ИЗЈАВА од барателот  заверена на нотар, под материјална и кривична одговорност со која потврдува дека 20 години непречено и непрекинато го владее земјоделското земјиште во државна сопственост кое му е доделено во постапка на арондација
ИМОТЕН ЛИСТ – /Доказ за сопственост/, на земјоделското земјиште кое владение го отстапил во постапка на арондација
ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ со мери и граници на земјоделското земјиште  во приватна и државна сопственост кое е предмет на размена

Крајниот рок за доставување на барањата за регулирање и склучување на договор за размена   е до 27 Ноември 2014 година.

Подетални информации заинтересираните  можат да добијат на тел. 02 3134-477 , на веб страната www.mzsv.gov.mk или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието  при Општина Охрид.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1285  пати
Објавено на: 03.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©