Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10, 51/11,123/12 , 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 39/16),Општина Охрид, на ден 11.07.2016 година, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ДУП за УЗ 8, УБ 8.3 (Бејбунар) Општина Охрид, плански период 2014- 2019, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за УЗ 8, УБ 8.3 (Бејбунар), Општина Охрид, плански период 2014- 2019, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е предвиден со Програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Охрид, донесена од Советот на Општина Охрид во 2013год., а основ е постојниот ГУП за град Охрид.Со реализација на планскиот документ се предвидени следните класи на намени:А(домување), Б1(мали комерцијални и деловни намени), Б2 (големи трговски единици), Д2 (заштитно зеленило) и Е(инфраструктура).Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува и во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.
- Против ова одлука може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Извор: www.ohrid.gov.mk |