Со одигрувањето на ревијалниот натпревар во ватерполо помеѓу екипите на
Охрид и Струга, официјално за сезоната 2014, се затвора градскиот базен
Атина Бојаџи. ЈП „Билјанини Извори “ и оваа година како субјект кој стопанисува
со градскиот базен се потруди во рамките на своите можности на граѓаните да
им понуди многу спортски соджини и настани кои од година во година се повеќе
ја збогатуваат понудата за сите граѓани на Охрид како и за сите гости во
Охрид.
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите рекреативни корисници на
градскиот базен, на сите пливачки школи и клубови за дружењето во
изминатите два месеци и им ветува дека наредната сезона ќе понуди уште
повеќе содржини и настани, кои ќе бидат интерес на сите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |