Екипи на “Услужна хигиена” при ЈП “Охридски комуналец“ денес спроведуваат акција за генерално чистење на УЗ 12 ”Гоце Делчев” позната како населба Бараки. Бидејќи сообраќајниците во ова населено место се вклучени во поприоритетните улици кои се одржуваат со Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2014/2015 година, темелно се метат јавните површини од наноси од песок и земја и се расчистува расфрланиот отпад. (повеќе)
Извор: www.ohrid.gov.mk |