Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВ ЦЕНОВНИК ЗА ПАРКИРАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ
Untitled Document

Советниците во Советот на град Охрид на денешната Седница  ја изгласаа предлог одлуката     за измени на  ценовникот  за   паркирање   возила  во летниот период  од годината  во централното градско подрачје.
Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески,  одлуката е  апсолутно оправдана ако се земе во предвид фактот  дека со неа  битно ќе се придонесе во адекватно регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје  чија фреквенција во  летниот период од годината е  за 7-8 пати поголема во однос на останатите периоди од годината  а исто така ќе се придонесе и во  зголемување на приходите на ЈП „Билјанини извори“.

 Основна цел на покачување на цената за паркирање во централното градско подрачје во   летниот период од годината  е регулирање на сообраќајот. Во овој контекст ЈП „Билјанини извори“сигурно дека спроведува финансиска стратегија која што ќе резултира со зголемување на приходите во  летните месеци од годината.    Според договорот  за исплата  на ратите од заостанатиот и наследен  долг  по основ на електрична енергија,  ЈП „Билјанини извори“ во тие три месеци од годината: јуни , јули и август, плаќа  рати чија  висина    е многу поголема во однос на останатите месеци од годината. Од тие причини ние сме сигурни дека тоа покачување  на цената за паркирање   возила во лето во центарот  на Охрид ќе  вроди со зголемување на приходите на претпријатието и тоа најмалку за 30 % во месец јуни и  од 50 до 100% во месеците јули и август, во зависност од бројот на туристи кои ќе престојуваат на охридската ривиера , рече градоначалникот Бакрачески. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 12.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©