Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АЛ ДИ МЕОЛА И ПРОДИЏИ ЗА КРАЈ НА ФЕСТИВАЛОТ “OHRID CALLING“
Untitled Document

Со настапот на виртуозот на гитара Ал Ди Меола и светската атракција Продиџи, викендов завршува првото издание на фестивалот “Ohrid Calling“. Во пресрет на двата музички спектакли, раководителот на Секторот за ТЛЕР Ѓоко Апостолов и Денис Илиоски од АВАЛОН продукција, на денешната прес конференција истакнаа дека подготовките за двата концерти течат со посакуваната динамика.

- Ние можеме да го искажаме нашето задоволство од досегашната соработка со АВАЛОН продукција и убедени сме дека одличната организација на настапите на Ники Ромеро и Лост Фреквенси, ќе биде повторена и за престојните концерти викендов. Мислиме дека формата на организирање на првото издание на фестивалот “Ohrid Calling” ги исполни нашите очекувања и верувам дека и во иднина ќе имаме успешни музички спектакли –истакна Ѓоко Апостолов.

Денис Илиоски од АВАЛОН продукција, посочи дека се очекува покрај фановите од Македонија, на двата концерти да присуствуваат помеѓу три и пет илјади гости од соседните земји.

- Ги замолувам фановите да купуваат карти само од овластени продажни места, и да не наседнуваат да купуваат карти од трети лица. Контролата е повеќекратна и со фалсификувани карти тешко ќе се пробиете до вашите музички идоли – истакна Денис Илиоски.

Според проценките викендов во Охрид само за двата музички настани, се очекуваат да пристигнат околу дваесет и пет илјади нови гости.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1476  пати
Објавено на: 10.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©