Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2015 ГОДИНА
Untitled Document

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
 


Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2015 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади; традиционални манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер и различни видови активности на лица со посебни потреби.
 


II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
 


На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.
- Под правни лица се подразбираат установи од областа на култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади (локални и приватни), здруженија, асоцијации и слично, регистрирани во Република Македонија,
- Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Општина Охрид во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со општина Охрид.
 


III. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
 


Аплицирањето се врши на стандардизирани обрасци кои се задолжителни за секој апликант и се составен дел на документацијата од самиот јавен повик.
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријава се превзема од веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk) и се пополнува со впишување на податоци на означеното место со потпис и печат на овластеното лице. За секој проект се пополнува одделна пријава.
Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени средства треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид во текот на 2015 година.
Апликантите, покрај пријавата задолжително треба да ги достават и следните документи:
- фотокопија од документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија
- копија од потврда за отворена и активна жиро сметка (за правни лица) или копија од трансакциска сметка (за физички лица)
- Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на Јавниот повик треба да достават и копија од уверение за државјанство на Република Македонија.
Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави. 
- Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
 
Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2015 година“ или лично во архивата на Општина Охрид.

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.
 


IV. КРИТЕРИУМИ
 


Отценувањето на предлог – проектите ќе се врши врз основа на следниве критериуми:
- Детално разработена проект/програма согласно правилата, јавниот повик и уредно пополнета пријава,
- Искуство на апликантот во реализирање на програми, проекти и активности од областа култура, спорт, образование, социјала, здравство, екологија и млади,
- Детално разработен финансиски план за средствата потребни за реализација на програмата/проектот,
- Оправданоста на трошоците во предложениот финансиски план (реален буџет во однос на активностите и бројот на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции),
- Обезбедени дополнителни средства од сопствени и други извори,
- Квалитет на програмата/проектот,
- Придонес на проектот во остварување на општите и посебните цели за развојот на Општина Охрид,
- Иновативност, впечатливост и оригиналност на идејата,
- Обезбедена институционална поддршка (покана за учество на турнир, писмо за поддршка од друго здружение или институција, вклученост на еден или повеќе субјекти во реализација на проектот).
 
 
 


V. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
 


            Учесниците на Јавниот повик за резултатите ќе бидат известени со Решение донесено од Градоначалникот на Општина Охрид.
Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk).
            Бројот на поддржани проекти на Јавниот повик и висината на средствата со кои ќе се поддржат проектите ќе се утврдат во согласност со Буџетот на Општина Охрид за 2015 година.
 


VI. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
 


            Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за образование).
 
 
 

Пријава

Упатство за Пријава


 
ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалник,
Никола Бакрачески

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1435  пати
Објавено на: 13.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©