Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ ГРАДИ ПЕШАЧКА ПАТЕКА ОД ГРАДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ ДО КАНЕО
Untitled Document

Во тек се интензивни разговори меѓу Локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски околу нивната иницијатива за градење пешачка патека од градското пристаниште до Канео. За овој проект обезбедени се средства од буџетот на Република Македонија.
 
Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека прво детално ќе се разгледа проектот   на Министерството за транспорт и врски и неговата намена, а потоа ќе се отвори поширока  експертска и јавна дебата, бидејќи по најавата на овој зафат има различни мислења меѓу граѓаните на Охрид.
 
 
Во тек се подготовки и за изградба на пешачка патека од пристаништето до Канео.

-Ние во текот на наредната недела ќе имаме состанок со Министерството за транспорт и врски  кои што всушност се иницијатори на овој проект и кои што обезбедија средства за изградба на  пешачка патека  за која што во овој момент можам да кажам дека охриѓани имаат различно мислење. Голем дел од нив од одамна бараат нејзина изградба, а помал дел од нив имаат негативно мислење во однос на изградбата на оваа патека. Ние сепак првично ќе ги разгледаме заложбите на Министерството за транспорт и врски, ќе видиме како ќе изгледа проектот и каква ќе биде намената,  па дури потоа можеме на некој начин во една поширока дискусија со граѓаните на Охрид ја разгледаме оваа идеја и потоа да ја реализираме, соопшти градоначаникот Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 18.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©