Денеска во зградата на општина Охрид беше промовирано второто,
надополнето, проширено и адaптирано издание на брошурата“ Invest in Ohrid“.
Ова издание e плод на напорите на Локалната самоуправа да ја подобри
бизнис климата во Охрид и е дел од нејзината стратегија за
локалниот економски развој. Во неа се поместени вкупно 20 проекти во
четири различни поглавја од областа на туризмот,
инфраструктурата, земјоделството и браунфилд инвестиции. За прв пат во
оваа брошура се поместени пет односно шест потенцијални хали кои што
инвеститорите ги бараат односно општината ги нуди како браунфилд
инвестиции.
Ова
издание на брошурата „Invest in Ohrid“ во однос на првото, е коригирано
и надополнето со нови податоци за можностите за
инвестирање. Внесени се статистички податоци кои што ние ги добивме како од
државните и локалните служби така и податоци кои што се врзани со развојот
на бизнис климата од самите приватни сопственици на индустриските
капацитети кои што постојат во Охрид. Тоа го направивме бидејќи дел од
податоците во првото издание не кореспондираа со фактичката состојба
на теренот, односно со измените во катастарските парцели .
Брошурата ги содржи можностите за инвестирање во браунфилд и
гринфилд како и можностите за инвестиратње во туризмот ,
инфраструктурата и агро бизнисот . Брошурата е можност оние кои
што на некој начин се занимаваат со развој на Локалната економија, на еден
побрз полесен и поедноставен начин да им ги презентираат потенцијалите за
инвестирање на странските инвеститори во делот на туризмот ,
во делот на градење на хотели , хотелски и туристички комплекси , во делот
на агро бизнисот, во делот на индустријата, посебно лесната и во
делот на инфра структурни објекти што се неопходни за нормално
функционирање и развој на општина Охрид . Ќе кажам дека ние веројатно сме
една од ретките или можеби единствена општини во Република Македонија
која што издава ваква брошура, истакна
градоначалникот Никола Бакрачески при промоција на второто издание на
“Invest in Ohrid“.
Раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко
Апостолоски истакна дека Општината работи на подготовка на 3D -
анимации односно компјутерско графички изработени анимации за поедини
локации кои што исто така ќе бидат понудени како идејни решенија на
потенцијалните инвеститори.
- Овие 3D
анимации ќе бидат во склоп на ова брошура. Во наредниов период
се надеваме дека барем за неколку од овие локации ние ќе имаме такви идејни
решенија кои ќе претставуваат и еден чекор понапред во однос на доловување
на можностите кои што одредени проекти ги нудат за потенцијалните странски
инвеститори. Со тоа ние ќе ги следиме модерните трендови во однос на сите
потенцијални инвестициски проекти кои што Општина Охрид ги нуди,
истакна Апостолоски.
Ова како и претходното издание ќе биде доставено и ќе го користат
економските промотори, Агенцијата за странски инвестиции,
Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони како економски
промотори на Република Македонија од нашите амбасади и
конзулатите ширум Светот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |