Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ НА МЛАДИ ОРГАНИЗИРА ТРИБИНА НА ТЕМА: „СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА“
Untitled Document

Локалниот совет на млади при општина Охрид во среда ( 03.12.2014) организира трибина на тема: „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“. Трибината во малата сала на општина Охрид со почеток во 11:00 часот.
Свое обраќање на трибината ќе имаат: Ѓорѓи Тодороски, дипломиран педагог, Марија Тренева,  доктор по општа медицина  и Славица Костоска, директор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј.“
Со овој настан, Советот на млади се приклучува кон глобалната кампања: „16 дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“. Кампањата е насочена кон подигнување на јавната свет за различните форми на насилство врз жените и девојчињата и има за цел да упати на јавна дебата за потребата од третирање на овој голем проблем.      
16те дена активизам траат до 10-ти декември, Светскиот ден на човековите права. 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1276  пати
Објавено на: 02.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©