Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Untitled Document

Овластените туристички инспектори согласно законските обврски ќе врши увид во книгите за евиденција  на гости на давателите на услуги од мал обем.


Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот инспекторат (над УНИ БАНКА поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се законски глоби доколку во одделен случај не се подмири обврската по основ на Такса за привремен престој за извршената услуга за ноќевање.

Средствата од таксата за привремен престој треба да ги уплатите на:

Назив на примачот:               Трезорска сметка
Цел на дознаката:                 Такса за привремен престој
Сметка:                                 100000000063095
Приодна шифра:                   717111 00

Ова известување е последна опомена пред изрекување на казнените одредби согласно законските овластувања доколку не сте ги исполниле Вашите законски обврски.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 18.11.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©