Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРАВЕН СУБЈЕКТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ НА АВТО - ТАКСИ ВОЗАЧИ
Untitled Document

Согласно најновите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај на Р. Македонија во членот 8-3 стои дека стручно оспособување на кандидатите за добивање сертификат за авто - такси возач го врши правно лице овластено од општината. Условите кои траба да ги исполнува правното лице се да поседува:

  1. Минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обука;
  2. Информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција;
  3. Минимум 3 лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку 3 години работно искуство од областа на транспортот.

Заинтересирани правни субјекти за вршење на стручно оспособување за добивање на сертификат за авто - такси возач можат да поднесат барање до општина Охрид – Сектор за комунален развој, сообраќај и улици, најдоцна до 25.02.2015 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 19.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©