Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД Е ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ
Untitled Document

Во рамките на кампањата за рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција, во четврток  на 9 октомври 2014 година во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот  ќе се одржи еднодневен семинар.

Целта на кампањата е на здравствените работници, но и на населението на локално ниво,  превентивно да се отвори расправа за  нерационалната употреба на антимикробните средства и намалување на ризикот од антибиотска резистенција (АМР). Семинарите ќе понудат информации за активностите на Светската здраствена организација и Министерството за здравство, состојбата со резистенција во Република  Македонија и потрошувачката на антибиотици според податоците од ФЗОМ.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1334  пати
Објавено на: 07.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©