Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ УРЕДУВА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦА “МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“
Untitled Document

По налог на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид а по претходно добиено одобрение и согласност од одделението за екологија и заштита на животната средина,денес оперативни екипи на ЈП “Охридски комуналец“, пристапија кон кастрење на гранките на дрвјата  по должината на  улицата “Македонски Просветители“.
Оваа акција на ЈП “Охридски комуналец“, е повеќенаменска посебно ако се има предвид дека широките крошни на дрвјата по ул. “Македонски Просветители“ беа пречка за нормално функционирање на уличното осветлување а со тоа и директна закана по безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овој потег од градот.


Како што нагласуваат од Секторот за комунална дејност,ваквата практика на подобрување на квалитетот на сообраќајот и уличното осветлување ќе продолжи и на други делови од општината, со единствена цел за подобрување на квалитетот во овој сегмент од општественото живеење.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1309  пати
Објавено на: 17.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©