Во очи на празникот, традиционално и оваа година со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден .
Пред споменикот се поклонија делегации на општина Охрид, политички
партии, институции и поединци.
На свеченоста присуствуваше градоначалникот Никола Бакрачески кој на присутните им го честита овој светол и голем ден за македонската историја..
Прославата продолжи со културно-уметничка програма
Утре, во градскиот парк, пред спомениците на Христо Узунов ,Методи Патче, и хероите од НОБ Андон Дуков и Спас Банџов делегацијата на Советот на општина Охрид и Локалната самоуправа , Сојузот на борците на НОБ и други институции и организации ќе положат свежо цвеќе.
По повод Денот на Илинденското востание и патронатот на црквата „Св.Илија“ во с.Плаќе Одборот за прослава при Месната заедница од с.Плаќе организира свечена прослава, каде со почеток во 10:30 часот, со импровизиран напад на селото од комитите, положување цвеќе и историски час пред споменикот на паднатите борци од с.Плаќе во востанието на Рашанец и Народноослободителната борба на Македонија ќе започне одбележувањето на празникот, а ќе продолжи со културно-забавна програма.
Програмата со настани, манифестации и свечености по повод 2. Август започна да се реализира уште на 28.Јули со свеченото испраќање на учесниците на Илинденскиот марш од пред црквата „Св. Троица“ во населбата „Радојца Новичиќ“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |