Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска оствари средба со д-р Кришнан Ганпати, претседател на “Apollo Telemedicine Network Foundation”, меѓународен конзорциум од 57 болници. Средбата е резултат на Меморандумот потпишан меѓу Владата на Република Македонија и индискиот “Аполо“, со кој се предвидува усовршување на македонските лекари во Индија и вмрежување на Македонскиот здравствен систем во телемедицинскиот систем на “Аполо“. Телемедицината е релативно нова гранка на медицината, која со користење на современата информатичка технологија, овозможува врвна здравствена услуга, совладувајќи ги просторните и временски бариери.
Со проектот кој веќе е во тек, покрај неколку месечните престои за македонските лекари во Индија, предвидено е со телемедицината да се реализираат и онлајн конференции, работилници и стручни консултации меѓу индиските и македонските лекари од сите области.
Покрај остварената средба со градоначалникот Никола Бакрачески, д-р Ганпати го посети Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања.
Извор: www.ohrid.gov.mk |